Дома Фудбал Репрезентации Модриќ: За Хрватска ќе играм до јуни, за понатаму ќе видиме…

Модриќ: За Хрватска ќе играм до јуни, за понатаму ќе видиме…


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Хрватскиот капитен Лука Модриќ денеска изјави дека сигурно ќе игра за својата репрезентација до завршниот турнир од Лигата на нации.

Модриќ зборуваше на прес-конференција во пресрет на почетокот на квалификациите за Европското првенство и натпреварот против Велс во сабота од 20:45 часот.

„Толку многу ме прашувате, како да сакате што поскоро да заминам? Кажав и претходно дека ќе играм до крајот на Лигата на нации, а потоа ќе видиме за понатаму“, изјави Модриќ.

Многу се зборува за неговата иднина во Реал Мадрид.

„Моја желба е да останам во Реал, се надевам и верувам дека ќе се оствари. Останатото се само шпекулации, знам дека новинарите треба да пишуваат, не можам да влијаам на тоа, но повторувам, верувам дека ќе останам. во Реал Мадрид“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Кристоф Галтие сино…