Дома Трансфер зона Модриќ ги демантира шпекулациите: Останувам во Реал Мадрид!

Модриќ ги демантира шпекулациите: Останувам во Реал Мадрид!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ синоќа беше избран за најдобар фудбалер за 2018 година и ја доби „Златната топка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од минатото лето траат шпекулациите дека Модриќ наскоро би можел да го напушти Реал во потрага по нова авантура.

Меѓутоа, синоќа Хрватот ги демантираше шпекулациите и истакна дека би сакал кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

„Имам договор на уште две години со Реал и се надевам дека ќе добијам уште еден договор. Клубот има одличен однос со мене и би сакал тука да ја завршам кариерата. Моето семејство одлично се чувствува во Мадрид и јас уживам во играњето за таков голем клуб“, истакна Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…