Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6 октомври во Скопје.
Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласиле дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој најдобрата селекција, в четврток, ќе го одигра во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година.
Најдобрата селекција по мечот со Израел, ќе одигра уште еден натпревар во Скопје, в недела против Италија, додека младата селекција на 11 октомври ќе ја пречека Шкотска.