Дома Македонски спорт Мак фудбал Младинците немаа сили за изненадување против Шпанија (ВИДЕО)

Младинците немаа сили за изненадување против Шпанија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија до 21 година не успеа да направи изненадување против европскиот шампион Шпанија.

Нашите младинци денес запишаа пораз против Шпанците од 3:0. После двете победи и ремито со Казахстан за нас ова беше прв пораз во овие квалификации, додека Шпанија продолжи да биде перфектна со четири победи во исто толку натпревари со осум дадени и без примен гол.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од самиот старт Шпанците покажаа дека ја сакаат победата и веќе во шестата минута преку Ману Гарсија стигнаа до предност.

Во продолжение следуваше една мирна игра во која Шпанците ја држеа топката, но не креираа некоја посериозна шанса.

На стартот од вториот дел Серафимов си постигна автогол за 2:0. Тука веќе стана јасно дека тешко ќе можеме да направиме изненадување против селекцијата која е актуелен европски шампион.

Конечните 3:0 ги постави Педроса на три минути пред истекот на регуларните 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…