Дома Македонски спорт Мак ракомет Младата ракометна репрезентација поразена од Тунис на светското првенство во Алжир

Младата ракометна репрезентација поразена од Тунис на светското првенство во Алжир

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Алжир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По двете победи на стартот на шампионатот, младите македонски ракометари се поразени од нивните врсници од Тунис со 32:27, полувреме 13:17.

Во првите 17.минути од средбата се играше гол за гол, а резултатот беше израмнет 9:9, по што Тунижаните направија серија од 6:0 и во 25.минута поведоа со највисоки 15:9. До крајот на првиот дел нашите ракометари успеаја да намалат на четири негатива 13:17.

Во вториот дел црвено-жолтите се доближија на гол негатива 22:21 во 42.минута, но немаа сили да направат и комплетен резултатски пресврт, па на крајот неизбежен беше поразот од 32:27.

Во другите два натпревари од 3.коло на Ц група кои беа одиграни претходно Бразил – Русија 20:23 и Шпанија – Букина Фасо 38:12.

И покрај поразот, Македонија останува во трка за едно од првите четири места на табелата, кои носат пласман во осминафиналната рунда.

Утре е слободен ден во оваа група, во која средбите од 4.коло ќе се играат во недела, а двојките се: Тунис – Русија (од 15 часот), Македонија – Шпанија (19 часот) и Бразил – Буркина Фасо (21 часот).

 
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…