Дома Фудбал Репрезентации Младата на ѕвезда на Челзи која блеска на стартот од сезоната може да ја промени репрезентацијата

Младата на ѕвезда на Челзи која блеска на стартот од сезоната може да ја промени репрезентацијата

0

Тами Абрахам игра одлично на стартот од сезоната во дресот на Челзи и во првите три кола постигна дури четири гола.

Иако за конкуренти ги има Оливие Жиру и Мичу Батшуаи, Абрахам ја доби довербата од Лампард, а тој му врати на најдобар можен начин.

Минатата сезона играше во Чемпионшип за Миделсброу како позајмен играч, но Челзи одлучи дека поради ситуацијата со забрана за трансфери време е да добие прилика на „Стенфорд Бриџ“.

Абрахам има два настапи за репрезентацијата на Англија и двата беа во пријателски натпревари и поради тоа има право да ја промени репрезентацијата. Токму тоа го сакаат луѓето во Нигерија и според информациите фудбалскиот сојуз на оваа земја работи на тоа.

Медиумите на Островот тврдат дека претставници на Нигерија присуствувале на „Стенфорд Бриџ“ во саботата и сакаат да го убедат овој фудбалер са игра за Нигерија.

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Нигерија и јавно зборуваше дека нема да се откажат.

„Нема да се откажеме од своите напори добрите играчи да играат за нашата земја. Кажано ни е да почекаме до април 2020 година кога ќе донесе конечна одлука. Му кажав дека повеќе шанси има да биде редовен во нашата репрезентација отколку во Англија, сега е на него да одлучи“, изјави Амају Пиник.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ројс среде интервју влезе во расправија со новинар: Доста ми е од твоите глупости! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд испушти победа против Ајнтрахт во Франкфурт, а тимот кој го предводеше М…