Tимот на Академија Пандев стигна до петтата победа во последните шест натпревари откако денес ја победи Ренова со 1:2 во Тетово.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со овој труимф струмичкиот тим дојде на еден бод лидерот Шкупи. И во овој натпревар важна улога одигра најдобриот стрелец Мартин Мирчевски. Мирчевски беше асистент на првиот гол, а во 77. Минута и самиот се запиша во листата на стрелци. Голот за утеха во финишот од мечот за Ренова го постигна Селмани.
Академија Пандев сега има 31 бод, Шкупи 32 на лидерската позиција. Чаирчани својот натпревар од ова коло го играат утре против дома против Струга.
Фото: ФК Академија Пандев