Дома Фудбал Минималец на Дортмунд, голема победа на Бенфика🎥

Минималец на Дортмунд, голема победа на Бенфика🎥

Бенфика продолжи со одличите партии и запиша голема победа против Клуб Бриж (0:2), Борусија Дортмунд со минимална предност ќе патува во Лондон.

Борусија Дортмунд и Челзи одиграа одличен меч и го оправдаа епитетот дерби на вечерта, а на крајот домаќините излегоа како победници.

Во првото полувреме видовме неколку шанси, но мрежите мируваа. Клучниот момент се случи во 63-та минута кога Адејеми ја донесе Борусија во предност од 1:0.

До крајот на мечот Челзи напаѓаше, создаде неколку одлични шанси,но не успеа да дојде до израмнување.

Бенфика е со една нога во четвртфинале, откако го победи Бриж на гостински терен со 0:2. Стрелци на головите во второто полувреме беа Жоао Марио и Нерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…