Дома Фудбал Англија Минамино е нов играч на Ливерпул!

Минамино е нов играч на Ливерпул!

Она што беше најавено во изминатите денови, денеска го доби својот епилог. Такуми Минамино е нов играч на Ливерпул!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Официјалната веб-страница на Ливерпул потврди дека Такуми Минамино е нов член на тимот од „Енфилд“.

„Мој сон беше да станам играч на Ливерпул. Навистина сум возбуден што тој момент се оствари. Играњето во ПЛ беше една од моите цели. Мислам дека ова е најдобрата лига во светот, лига во која можам повеќе да напредувам. Едвај го чекам дебито.“ изјави Јапонецот на својата презентација во Мелвуд.

Цената на трансферот изнесуваше само 7,25 милиони фунти и тој треба да му се приклучи на тимот на првиот ден од 2020. година. Во последните пет години, јапонскиот фудбалер играше за австрискиот шампион и има постигнато 64 гола на 189 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Решена е иднината на Антонио Рудигер

Германскиот фудбалер Антонио Рудигер ќе продолжи да игра за Реал Мадрид уште една сезона, …