Дома Ракомет Милосављев го бакна Карачиќ и откри: Уште на почетокот ми кажа – ќе бидеме европски шампиони! (ВИДЕО)

Милосављев го бакна Карачиќ и откри: Уште на почетокот ми кажа – ќе бидеме европски шампиони! (ВИДЕО)

Втор пат во последните три сезони Вардар е европски ракометен шампион, вчера во финалето избраниците на Парондо со 27:24 го победија Веспрем и така испишаа нова историја.

Милосављев вчера откри дека Игор Карачиќ на стартот на сезоната му кажал дека ќе ја освојат Лигата на шампионите.

„Овој човек на стартот на сезоната, пред натпреварот со Монпеље ми кажа – ќе ја освоиме Лигата на шампионите! Овој е тој човек – МВП! Со неговите совети цело време ме држеше на земја, иако на момент како млад играч тоа е тешко. Затоа сум горд на него и на тоа што го направи за мене оваа сезона. Ти благодарам Игор“, изјави Милосављев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три проверки во Анкара за македонските ракометарки пред европскиот предизвик

Македонија ќе игра со Финска, Италија и Турција од 27 до 29 ноември. Турнирот е подготовка…