Дома Трансфер зона Милинковиќ-Савиќ се сели на „Олд Трафорд“, се чека само заминувањето на Погба

Милинковиќ-Савиќ се сели на „Олд Трафорд“, се чека само заминувањето на Погба

Сагата околу трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе биде завршена со негов трансфер во Манчестер Јунајтед, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Србинот веќе две години е на мета на многу европски гиганти, а последните информации говорат дека Милинковиќ-Савиќ го избрал Манчестер за своја следна дестинација.

Наводно Јунајтед веќе го победил ПСЖ во трката за неговиот потпис и е спремен да плати 100 милиони евра за потписот на Сергеј.

На „Олд Трафорд“ сметаат дека Србинот ќе биде идеален наследник на Пол Погба, кој јавно потврди дека сака да ја промени средината.
За реализација на трансферот на СМС се чека најпрво да се комплетира трансферот на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…