Дома Фудбал Репрезентации Милер сепак ја одложува одлуката за репрезентативна пензија

Милер сепак ја одложува одлуката за репрезентативна пензија

После елиминацијата во групната фаза и натпреварот против Костарика, Томас Милер изјави дека тоа е неговиот последен натпревар во дресот на Германија, но очигледно таа изјава фудбалерот на Баерн Минхен ја дал со „жешка глава“.

Неколку дена подоцна Милер изјави дека не донел конечна одлука околу репрезентативната кариера. Милер испрати и порака до фановите преку социјалните мрежи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Навистина е тешко да се поднесе она што се случи на Светското првенство. Имам кариера со големо искуство, победи и неуспеси.

Сепак, за ова ќе ми треба повеќе време да го пребродам. Болката е навистина голема и боли повеќе од било кога“, објави Милер.

Настапот со Германија на Светското првенство за Милер беше четврти. Во 2010 и 2014 постигна по пет гола, но во Катар сега и Русија пред четири години не се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…