Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски и ја препушти фаворитската улога на Србија, но откри кои се нашите предности во тој дуел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Полска игравме со Србија во вториот меч од нашата група и ремизиравме 2:2, а во петок ќе играме квалификациски натпревар со нашиот северен сосед.
„Србија е главен фаворит кој доаѓа од првиот шешир, таму играат фудбалери кои играат во петте најсилни лиги и ќе биде исклучително тешко. Филозофијата е иста и немаме потреба ништо да менуваме во составот. Предноста на Македонија во однос на Србија е тимскиот дух и колективната игра“, истакна Милевски.
Натпреварот ќе се игра од 15 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, а Милевски нема да може да смета на Никола Кулески, кој беше стартер против Ерменија.