Дома Трансфер зона Милан ја доби битката за аргентинскиот „вундеркинд“

Милан ја доби битката за аргентинскиот „вундеркинд“

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е пред реализација на трансферот на аргентинскиот талент Јуан Себастијан Сфорца.

Овој 17-годишен играч на Њуелс Олд Бојс игра на позиција централен играч за врска и важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.

Сфорца како капитен на аргентинската репрезентација до 15-години ја предводеше својата селекција до титулата Јужноамерикански шампион.

Токму на тоа натпреварување го привлече вниманието на многу европски гиганти, па за неговиот потпис се бореа Јувентус, Интер, Манчестер Сити, Баерн Минхем, Милан и ПСЖ.


Следете го Sportski.mk и на


Сепак, неговиот агент за италијанските медиуми потврди дека е во напредни преговори со Милан и дека трансферот би требало да се реализира во наредните месеци.

„Можам да го потврдам интересот на многу европски клубови, но ние сме во напредни преговори со Милан. Леонардо ме контактираше и преговорите течат одлично“, изјави агентот на Сфорца.

Според италијанските медиуми Милан за неговиот потпис ќе плати 1,5 милиони евра плус бонуси, а играчот првично би требало да игра за младинскиот тим.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер блиску до ангажман на играч кој Зидан го смета за „вишок“?

Манчестер Јунајтед игра одлично под водство на Оле Гунар Солскјер и тоа им е добро познато…