Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на Тотенхем

Милан тргнува по ѕвездата на Тотенхем

Италијанскиот гигнат Милан иако во летниот преоден рок донесе голем број на засилувања, сепак оваа сезона игра под сите очекувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради тоа „росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот, а тренерот Џенаро Гатузо бара да биде донесен еден играч за врска.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба е играчот на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле.

Дембеле минатите сезони беше незаменлив во тимот на Покетино, но оваа сезона добива помала минутажа, главно поради повреди.

Неговиот договор истекува на крајот на следната сезона, но Белгиецот се уште не започнал преговори со „спарси“ за продолжување на истиот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и веќе се поврзал со неговиот агент, а во наредните денови спрема официјална понуда до Тотенхем.

Италијанските медиуми тврдат дека доколку „росонерите“ не успеат да го донесат Дембеле во јануари, повторно ќе се обидат на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…