Ријад Марез минтата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, па иако имаше понуди од многу европски гиганти, сепак реши да остане во Лестер.
Лестер оваа сезона е далеку од врвот и се чини дека Алжирецот на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти актуелниот шампион.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Битката за неговиот потпис веќе започна, а медиумите тврдат дека најголем интерес во моментив покажува италијански Милан, кој со новите сопственици има големи амбиции за следната сезона.
Имено, новиот спортски директор на „росонерите“, Масимилиано Мирабели веќе започнал преговори со неговиот агент, а Милан е спремен да плати 45 милиони евра за да го донесе на „Сан Сиро“.
Готово е невозможно трансферот да се реализира во јануари, но Марез ќе биде една од главните трансфер цели на Милан следното лето.