Дома Трансфер зона Милан повторно ќе купува од Јувентус

Милан повторно ќе купува од Јувентус

Во последно време Милан често „пазари“ од големиот ривал Јувентус, а италијанските медиуми тврдат дека тој тренд може да продолжи.

Имено, „рососнерите“ се силно заинтересирани за играчот за врска на „бјанконерите“ Емре Чан, кој не е во плановите на Маурицио Сари.

Чан едвај да играше оваа сезона во Јувентус и воопшто не беше во составот за куп натпреварот против Удинезе во средата.

„Газета“ тврди дека тој е загрижен и побарал итен состанок со раководството на „старата дама“ затоа што не сака да остане без настап на Европското првенство бидејќи факт е дека мора да игра ако сака да добие повик.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по играч за врска и веќе стапил во контакт со Јувентус. „Росонерите“ го сакаат Германецот на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул конечно се ослободи од Кариус

Ливерпул официјално го потврди трансферот на голманот Лорис Кариус, кој кариерата ќе ја пр…