Според тврдењата на италијанските медиуми, Милан на лето би можел да остане без капитенот и еден од најдобрите поединци во тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алесио Ромањоли игра уште една одлична сезона и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па Милан тешко ќе може да го задржи во своите редови.
„Росонерите“ минатото лето одбија понуди од 50 милиони евра за него, но самиот Ромањоли напомена дека би сакал да игра во Лигата на шампиони.
Милан и оваа сезона е далеку од пласман во најелитното натпреварување, па најверојатно на лето ќе мора да го „жртвува“ капитенот.
Раководството веќе работи на трансферот на Тиаго Силва, а тоа најверојатно ќе значи заминување на Ромањоли.