Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.
Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.
Ламела е прв на листата желби, па „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на фудбалерот.
28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Сепак, Милан ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Ламела силен интерес покажува и Наполи.