Дома Трансфер зона Милан и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за талент на Бенфика

Милан и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за талент на Бенфика

Манчестер Јунајтед се вклучи во битката за потписот на талентот на Бефика, Флорентино Луис, пренесуваат медиумите на Островот.

20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.

За него силен интерес покажува Милан и веќе започна преговори со неговиот агент, а сега во трката за потписот се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Бенфика е спремна да се раздели со својот „бисер“ и постави цена од 50 милиони евра.

„Флорентино е еден од најдобро рангираните млади дефанзивно ориентирани плејмејкери и има  сериозна конкуренција за негов ангажман. Точно е дека многу се зборува за интересот од Милан но има и клубови од Англија, Германија и Шпанија кои го следат долго време“, изјави неговиот агент.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кулибали побара трансфер од Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали го известил…