Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.
Санчез одигра одлично и на Европското првенство, а откако се опорави од повредата повторно игра добра оваа сезона.




Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.




„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат Португалецот на „Сан Сиро“, притоа имаат одлични односи со Лил.