Дома Топ вести Милан договори големо засилување од Примера

Милан договори големо засилување од Примера

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е пред комплетирање на трансферот на играчот за врска на Еспањол, Марк Рока.

Рока има 23 години, одигра одлична сезона во Еспањол и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но после испаѓањето во втора лига цената на Рока падна. Милан е во завршни преговори и се очекува во наредните денови да се комплетира трансферот за 20 милиони евра.

Рока важи за еден од најголемите шпански таленти и може да игра на сите позиции во средниот ред, па сигурно ќе биде големо засилување за Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ленгле се сели во Серија А

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталон…