Дома Трансфер зона Милан го раскина договорот со левиот бек

Милан го раскина договорот со левиот бек

0

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ денес и официјално го раскина договорот со Милан.

Левиот бек пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година како слободен агент од Сампдорија, но минатата сезона поради срцеви проблеми не одигра ниту еден натпревар.

Милан ова лето на таа позиција го донесе Тео Хернандез од Реал Мадрид, па јасно беше дека за Стриниќ ќе нема место во тимот.

Хрватот имаше договор со „росонерите“ на уште две сезони, но денес спогодбено го раскина договорот со италијанскиот гигант,

Стриниќ ќе добие одреден бонус од Милан и како слободен агент ќе може да си бара нов клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер конечно најде купец за Габигол

Габриел Барбоса – Габигол пред три години пристигна во Интер како големо засилување, но не…