Дома Фудбал Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 15 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Камарда со само 15 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан.

Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.

Меѓутоа, Милан успеа да постигне договор со неговиот агент за продолжување на соработката и наскоро  Камарда ќе стави потпис на професионален договор со „росонерите“ и ќе остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…