Дома Трансфер зона Милан го „блиндира“ капитенот Ромањоли

Милан го „блиндира“ капитенот Ромањоли

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори за продолжување на соработката со капитенот Ромањоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден од клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.

Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.

Интерес за 25-годишниот дефанзивец покажуваат неколку европски гиганти, па поради тоа Милан сака што побрзо да ја продолжи соработката.

Милан му нуди значително зголемување на платата, но преговорите нема да бидат лесни, бидејќи неговиот агент Раиола бара во договорот да има откупна клаузула, на што „росонерите“ не се согласуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…