Дома Трансфер зона Миланско дерби за ѕвездата на Рома

Миланско дерби за ѕвездата на Рома

0

„Газета дело Спорт“ пренесува дека миланските гиганти Интер и Милан се силно заинтересирани за фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци.

Флоренци е дете на Рома и има договор со „волчицата“ до јуни 2019 година, но преговорите за продолжување на истиот се во застој.

Наводно Рома не може да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот, кој бара 4 милиони евра по сезона, па таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските клубови.

Флоренци е играч за врска кој може да игра и како десен бек, па доколку во наредните недели не стави потпис на нов договор Рома ќе биде приморана да го продаде.


Следете го Sportski.mk и на


Италијанскиот репрезентативец по вокација е играч за врска, но може подеднакво добро да игра и како десен бек.

„Газета дело Спорт“ тврди дека во моментов Интер е во предност за неговиот потпис, поради добриот однос кој го има Флоренци со тренерот Лучијано Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го претстави Балде: Потребна е „успорена снимка“ за да го видите (видео)

Kлубот од Милан дефинитивно има фантастичен преоден рок зад себе, навивачите се презадовол…