Дома Топ вести Миланско дерби за ѕвездата на Борусија Дортмунд

Миланско дерби за ѕвездата на Борусија Дортмунд

Дербито помеѓу Милан и Интер на програмата е следната недела, но миланските гиганти веќе започнаа битка за потписот на Марио Геце, пренесуваат италијанските медиуми.

Претставници на Интер имале разгвор со агентот на Марио Геце и сакаат да го донесат во своите редови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца“ следното лето како слободен агент, бидејќи истекува неговиот договор со Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ и фудбалерот не можат да се договорат за продолжување на соработката, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ ќе имаат голема конкуренција бидејќи за потписот на Германецот силен интерес покажува и Милан.

Тренерот Џампаоло смета дека Геце ќе биде идеален партнер во нападот за Пјонтек, па „росонерите“ исто така веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Геце во двата наврати за Борусија Дортмунд запиша 200 настапи до сега и постигна 42 гола. Притоа стана херој на нацијата кога со својот гол и ја донесе светската титула на Германија во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…