Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија.
Станува збор за кошаркар „израснат“ во МЗТ, со кој дојде до пет шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија. Мекиќ во два наврати по неколку сезони беше дел од МЗТ Скопје Аеродром, даде многу за клубот, но и научи многу во него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговото место во ростерот ќе го пополни Американецот Кеандре Кук (25 год, 196 см), кој потпиша договор со „штрковите“ до крајот на сезоната. Станува збор за бек-шутер, чие најсилно оружје се ударите за три поени, а кој доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус.
Кук во претходниот клуб одигра 15 средби со просек од девет поени, 40-отстотна прецизна за тројка и 3,1 скока. Претходно, во НЦАА-лигата во последната сезона за Мисури стејт универзитетот просечно реализирал по 14,9 поени и 4,6 скокови.
Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гости кај Партизан во Белград.