Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ побогат за уште едно ново име

МЗТ побогат за уште едно ново име

Македонскиот вицепрвак, МЗТ Скопје донесе уште едно засилување.

Се работи за Андреј Магдевски, 22-годишниот плејмејкер кој настапуваше претходно за Фени Индустри и Гостивар, но сепак и покрај тоа што беше поврзуван со МЗТ и порано, тој одлучи сезонава да го облече дресот на Аеродромци.

Магдевски беше дел од младинската школа на Реал Мадрид, а пред да се врати во Македонија го носеше и црно-белиот дрес на белградски Партизан.

Со најновиот ростер, тренерот Ѓорѓи Кочов, сега на располагање има десет квалитетни имиња кои рамноправно ќе конкурираат за минутажа на средбите од АБА2-лигата и двете домашни натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Георгиевски и Трстена се сретнаа и ги обединија олимписките медали 📸

Олимписките медалисти Шабан Трстена и Дејан Георгиевски денес се сретнаа во Бутел и ги обе…