Конор Мекгрегор без дилеми е најголемата ѕвезда на УФЦ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ирскиот ММА борец на 6-ти октомври се враќа во рингот во меч против Кабиб Нурмагомедов, но тоа нема да му биде последен меч како што многумина очекуваа.
Претседателот на УФЦ, Ден Вајт потврди дека Конор потпиша нов договор за шест борби, а Мекгрегор направи одлична зделка бидејќи од УФЦ добил се што сакал.
Тој на мечевите ќе го промовира и „Пропер“ висикито кое тој го произведува, па неговиот договор со ММА организацијата е и тоа како вреден.
„Не беше тешко да се договориме со Конор бидејќи сите знаеме колку тој вреди“, порача претседателот Ден Вајт.
Сигурно дека ирскиот борец си направил добар бизнис и си обезбедил голема заработка од борбите, но посебно од вискито кое ќе биде спонзор на сите мечеви.