Meхди Бенатија, искусниот марокански фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Поранешниот играч на Рома, Баерн и Јувентус потпиша договор со Карагумрук, тим кој минатата сезона се избори за место во Суперлигата на Турција после цели 36 години.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во изминатите две сезони Бенатија го носеше дресот на Ал Дихаил од Катар, а сега се враќа во Европа. Интересно што тој е дури седмо засилување за овој клуб ова лето, а има уште неколку звучни имиња.
За Карагумрук претходно потпишаа, Ахмед Муса кој настапуваше за ЦСКА и Лестер, Италијанецот Емилијано Вивиано, Андреа Бертолачи, Лукас Биља...