Дома Фудбал Бенатија: Алегри ме излажа. Тогаш го загубив разумот…

Бенатија: Алегри ме излажа. Тогаш го загубив разумот…

Мароканскиот фудбалер Бенатија се потсети на деновите поминати во Јувентус.

Бенатија во Торино помина две ипол сезони и за тоа време освои осум трофеи, а за следна дестинација го избра Катар, поточно Ал Духаил кој го плати осум милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


А еден од виновниците поради кој замина од Јувентус е тогашниот тренер Макс Алегри, кој како што кажува, го излажал.

„Алегри е одличен тренер и добар човек. Немав проблеми со него, ниту со било кој друг во клубот, но не го исполни ветувањето. Кога бевме во САД ми вети дека заедно со Кјелини ќе бидеме стоперскиот пар, а Бонучи ќе се бори за своето место.“ – изјави Бенатија во разговор за SPox.

Во својата кариера Бенатија покрај Јувентус играше уште и за Баерн, Рома, Удинесе, Клермонт, Марсеј, Лориен…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…