Дома Фудбал Меси во првиот натпревар на Копа Америка сруши рекорд стар 71 година

Меси во првиот натпревар на Копа Америка сруши рекорд стар 71 година

Аргентина со победа ја започна одбраната на титулата на Копа Америка откако синоќа ја совлада Канада со 2:0 во првиот натпревар на Копа Америка.

Алварез и Лаутаро Мартинез ги постигнаа победничките голови во вториот дел. Лионел Меси го искористи натпреварот за рекорд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси синоќа го собори и рекордот по број на настапи на Копа Америка започнувајќи го својот 35. натпревар во ова натпреварување. Најдобриот аргентински стрелец на сите времиња и играч со најмногу настапи, го надмина поранешниот чилеански голман Серхио Ливингстон, кој го постави рекордот во 1953 година.

36-годишниот фудбалер го имаше своето деби на Копа Америка на 20-годишна возраст во 2007 година, а го освои турнирот во 2021 година. Меси постигна 13 гола и забележа 17 асистенции на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајката на Мбапе заработува повеќе од седум фудбалери на Реал, напаѓачот одбил да и даде половина од парите

Килијан Мбапе се вбројува меѓу најуспешните фудбалери според заработката на светско ниво. …