Фудбалерот на Барселона, Лео Меси призна дека до крајот на кариерата сака повторно да соработува со Пеп Гвардиола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стручњак ги предводеше Каталонците од 2008. до 2012. година и со нив освои се што можеше да се освои, па Меси јавно призна дека повторно сака соработката да се воспостави.
„Би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Би било одлично доколку еден ден се врати во Барселона, но не знам колку е тоа реално. Ми се чини дека е прилично комплицирано.“ – изјави Меси и додаде:
„Тој е дефинитивно еден од најдобрите тренери на светот и тоа е причината поради која би сакал да се врати. Беше неверојатно искуство да соработувам со него.“
Пеп Гвардиола после заминувањето од Барса прво го предводеше Баерн Минхен, а моментално е во својата трета сезона како тренер на Манчестер Сити.