Дома Фудбал Италија Мертенс има прилика да ја престигне ЛЕГЕНДАТА Марадона

Мертенс има прилика да ја престигне ЛЕГЕНДАТА Марадона

0

Се навикнавме клубот од „Сан Паоло“ секогаш да има еден одличнeн напаѓач. Претходно беше Едисон Кавани, па Гонзало Игуаин и сега Дрис Мертенс.

Белгискиот напаѓач пред 13 месеци беше прекумандован на местото централен напаѓач, каде што почна да игра одлично. На последните 52 натпревари, Мертенс постигна 42 гола и сега стана сериозен кандидат да го наследи Диего Марадона на местото најдобар стрелец во историјата на клубот.

Најдобриот играч кој некогаш играше на „Сан Паоло“ постигна 115 гола, пред што во 1991. година да се пресели во Севиља. Мертенс во моментов има бројка од 80 гола што значи дека му требаат уште 36 гола за да го престигне Марадона. Инаку, Белгијанецот сега е на 9. место на листата на најдобри стрелци во клубот.

„Да го срушам рекордот на постигнати голови за Наполи? Зошто да не, не имам ништо против тоа. Тајната на успехот на нашиот тим е во навивачите кои се нашиот 12. играч. Тие се навистина одлични“, изјави Мертенс.

Вреди да се додаде дека Белгијанецот минатата сезона беше вториот најдобар стрелец во лигата со 28 гола. Оваа сезона исто така одлично ја започна, бидејќи има 10 постигна гола по 12 одиграни кола, а неговиот Наполи е лидер на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Италија

Проверете

Кај Валверде мина прагот на толеранција: Каталонскиот предводник гласно се изјасни ПРОТИВ одлуките на управата

Барселона изгледа го договори трансферот со Арсенал од 20 милиони евра во јануари, за Герм…