Дома Трансфер зона Медиумите тврдат: Санчез одлучи!

Медиумите тврдат: Санчез одлучи!

Од Јужна Америка стигнуваат вести дека Чилеанецот одлучил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Чиле го потврдија она што се зборува со денови. Иако беше блиску до преселба во Баерн, Алексис Санчез се премисли, не сака да ја напушти Англија.

Наводно тој сака да остане во Премиер лигата, бидејќи веќе има договор со Гвардиола, но Венгер одби да преговара со Манчестер Сити.

Проблем е секако договорот, Санчез кој во изминатата сезона постигна 30 погодоци има обврска да остане на „Емирати“ уште една сезона. Напаѓачот е спремен да го направи и тоа, да остане уште една сезона, а потоа да замине без оштета.

Ситуацијата е целосно иста како кога Ван Перси го напушташе Арсенал и тогаш Венгер се договори да го продаде надвор од Англијa, поточно во Јувентус, но наместо тоа Холанѓанецот заврши во Јунајтед.

Санчез има ист план, да го чека финишот на преодниот рок, не му се брза, на Арсенал му се потребни пари за нов напаѓач, но тешко е да се верува дека „Граѓаните“ ќе платат повеќе од 40 милиони евра за фудбалер на кого договорот му истекува наредното лето.

                                                                                                                                                                     

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…