Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе го пропушти денешниот тренинг поради настинка и болки во грлото, па веднаш беше вклучен алармот кај „светците“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Французин беше тестиран дали има коронавирус откако веќе два дена не тренира поради инфекција на грлото и треска.
Целиот фудбалски свет беше во исчекување, а резултатите веќе пристигнаа и покажаа дека тестот е негативен на коронавирус.
Меѓутоа, Мбапе има висока температува и најверојатно ќе го пропушти утрешниот меч со Борусија Дортумд во Лигата на шампиони.