Дома Фудбал Мбапе повторно го воодушеви светот – овој пат надвор од терените!

Мбапе повторно го воодушеви светот – овој пат надвор од терените!

Младата ѕвезда на ПСЖ и француската репрезентација Килијан Мбапе со своите одлуки на теренот дава впечаток дека се работи за искусен мајстор на фудбалот, а не на тинејџер.

Се чини дека е така и надвор од теренот, а последната одлука која ја донесе Мбапе покажа дека станува збор за голем човек.

Имено, Мбапе кој моментално со француската репрезентација игра на Мундијалот во Русија, одлучи сите пари кои ќе ги заработи од играње за „триколорите“ да ги даде во добротворни цели.

Станува збор за 25.000 евра по натпревар, а Мбапе се одлучил на ваков потег бидејќи верува дека на фудбалерите не им се потребни пари да ја претставуваат својата држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…