Дома Трансфер зона „Мбапе ни побара 50 милиони евра по сезона, таквите барања се неразумни“

„Мбапе ни побара 50 милиони евра по сезона, таквите барања се неразумни“

Иднината на Килијан Мбапе една од главните теми во европскиот фудбал во овој момент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ прави се за да го убеди Мбапе да остане во Париз, но како што стојат работите во овој момент најголеми се шансите наредната сезона да го гледаме во друг дрес. Најблиску до неговиот потпис е Реал Мадрид.

Мбапе е играч кој секој би го посакал во својот тим, па така и Лапорта не криеше дека се обиделе да влезат во посериозни преговори, но платата која ја побарал Мбапе била преголема.

„Во првичните разговори Мбапе ни побара плата од 50 милиони евра по сезона. Тој е фантастичен фудбалер, нема сомневање во тоа, но никој не може такво нешто да си дозволи. Посебно што уште нема голема кариера зад себе, се уште не ја освоил ниту Лигата на шампионите. За мене таквите барања се неразумни“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…