Дома Топ вести Мбапе му постави услов на ПСЖ, Нејмар ќе мора да си оди

Мбапе му постави услов на ПСЖ, Нејмар ќе мора да си оди

Се погласи се шпекулациите дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе и дека „кралевите“ се спремни да го соборат светскиот трансфер рекорд за неговиот потпис.

Поради тоа ПСЖ сака што побрзо да му предложи нов договор, на лето е последната шанса, а доколку не ја продолжи соработката, „светците“ ќе мора да го продадат.

Сега е јасно дека Французинот бара поголем договор од Нејмар, а со бонуси би го преминал и Лионел Меси.

Леонардо веќе ги започнал преговорите со неговото семејство и со неговиот агент. ПСЖ покрај високата плата е спремен да му вети на Килијан дека ќе биде најважен играч и центар на нивниот проект.

Во моментов тоа е Нејмар, но „светците“ се спремни да го продадат Бразилецот на лето, а сите пари ќе ги вложат во иднината на Мбапе.

Проблем е што ПСЖ нема да може да ги врати вложените пари за Нејмар, за кого пред две години потрошија 222 милиони евра.

Мбапе, покрај што сака да биде најплатен, сака ПСЖ да напредува во Лигата на шампиони, бидејќи сака да го освои тој трофеј. „Светците“ стагнираат во последните години во најпрестижното натпреварување, па младиот Французин поради оддолжува да стави потпис на нов договор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ЛШ последно коло: На кој што му треба денес?

Вечерва се играат натпреварите од последното 6. коло во Лигата на шампионите во групите од…