Дома Фудбал Италија Мајсторијата на Пандев во конкуренција за „Гол на годината“ во Италија (видео)

Мајсторијата на Пандев во конкуренција за „Гол на годината“ во Италија (видео)

Македонскиот репрезентативец и член на Џенова, Горан Пандев е меѓу 12-те номинирани за најдобар гол во Серија А за сезоната 2017/2018.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пандев минатата сезона постигна маестрален гол против Верона со неверојатен лоб удар и тој влезе во најтесна конкуренција.

Покрај мајсторијата на Македонецот, во конкуренција се уште Андреа Белоти, Федерико Бернардески, Стефан ел Шарави, Федерико Киеза, Мауро Икарди, Луис Алберто, Дрис Мертенс, Сусо, Дуван Запата, Сими и голманот на Беневенто, Алберто Брињоли кој постигна гол против Милан.

За голот на Пандев можете да гласате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спиеше во автомобил пред тренинг, а сега вреди 140 милиони евра

Поранешниот тренер на ѕвездата на Баерн, Михаел Олесе (24), сподели интересна приказна за …