Дома Останати Кошарка НБА Мајами не се откажува: 40 поени на Леброн не беа доволни, Батлер го водеше Хит до 3:2! ?

Мајами не се откажува: 40 поени на Леброн не беа доволни, Батлер го водеше Хит до 3:2! ?

НБА сезоната не е се уште завршена затоа што Мајами Хит во петтиот натпревар од финалната серија успеа да го победи ЛА Лејкерси со 111:108 и така да намали на 3:2.

Лејкерси не ја искористија првата меч топка за да дојдат до титула, а Хит после одличниот натпревар успеа да намали на 3:2 и се уште да остане во игра. Од самиот почеток беше јасно дека ќе гледаме одличен натпревар. После првата четвртина Мајами имаше предност од 25:24, додека на пауза се замина со 60:56 за кошаркарите на Хит.

Успеваа Лејекерси цело време да се одржуваат на мало заостанување, но никако немаа сили да направат пресврт и да го свртат резултатот во своја корист. Хит во третата четвртина ја чуваше предноста и навистина кошаркарите на овој тим лавовски се бореа за финалето да не заврши со овој меч.

Вистинска драма гледавме во финишот од натпреварот. Лејкерси се вратија резултатски и изгледаше како да имаат сили за пресврт. Мајами не се откажуваше и ја чуваше предноста и на крајот победи со три поени разлика.

До победата Мајами го предводеше Џими Батлер кој запиша трипл-дабл, 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Кај Лејкерси се истакна Леброн со 40 поени, но тоа не беше доволно да го одведе својот тим до триумф.

Нов натпревар Мајами и Лејкерс ќе играат за два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aсенсио и закажа на Шпанија меч за златото со Бразил! 🎥

Репрезентацијата на Шпанија псоле продолженија ја победи Јапонија (0:1) и ќе игра во финал…