Дома Трансфер зона Матиќ одлучи: Во јануари се сели во Серија А

Матиќ одлучи: Во јануари се сели во Серија А

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.

Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја даде Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.

Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а следната дестинација најверојатно ќе биде Серија А.

„Дејли Мејл“ открива дека развојот на целата ситуација ја следи Интер и нивниот тренер Антонио Конте, кој сака да го донесе Србинот на „Џузепе Меаца“.

Интерес за Матиќ покажуваат и други европски клубови, но „нероаѕурите“ се најблиску до неговиот потпис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Серија А опција за Лингард, се најавува и потенцијалниот клуб?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард би можел кариерата да ја продолжи во Италија…