Дома Фудбал Англија Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

0

Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз на „Олд Трафорд“ од ВБА, па сега во прашање го доведе и второто место на табелата.

Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ Хуан Мата истакна дека тимот треба што е можно побрзо да го заборави поразот и да им се врати на победите.

„Второто место се уште не е сигурно. Немаше да биде сигурно дури и при победа против Вест Бромвич. Знаеме дека треба да играме сериозни натпревари до самиот крај на првенството“.

„Сезоната е многу долга и треба да бидеме фокусирани до последниот меч. Сакаме да го зачуваме второто место и до одиме во финалето за ФА Купот. Треба да се обидеме да го освоиме тој трофеј“, изјави Мата.


Следете го Sportski.mk и на


Јунајтед игра против Тотенхем во полуфиналето на ФА Купот на 21 април, а пред тоа ќе се сретне со Борнмут во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови главоболки за Гвардиола!

Бенџамин Менди на почетокот на сезоната докажа дека е многу важен играч за екипата на Манч…