Дома Фудбал Марадона успешно опериран!

Марадона успешно опериран!

Диего Армандо Марадона е успешно опериран во Буенос Аирес и е во стабилна состојба, пренесуваат тамошните медиуми.

Операцијата траела околу 80 минути и докторот Луке, кој ја извршил операцијата, изјави дека фудбалската легенда е во добра здравствена состојба.

Славниот аргентински фудбалер имал „субдурален хематом“, односно собирање на крвта помеѓу мембраната и мозокот, открива неговиот личен лекар.

Марадона е вистинска легенда, па фановите се собраа пред болницата во знак на поддршка и чекаа вести за својот идол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…