Дома Фудбал Марадона: Роналдињо не е криминалец, само одеше по работа

Марадона: Роналдињо не е криминалец, само одеше по работа

Диего Марадона се огласи во медиумите и даде поддршка за Роналдињо.

Роналдињо ќе потсетиме се наоѓа во куќен притвор во Парагвај поради влегувањето во оваа земја со лажен пасош. Бразилската легенда претходно еден месец помина во затвор.

Марадона сега искажа поддршка и застана во одбрана на Роналдињо.

„Тажен сум поради она што се случи на Роналдињо. Тој не е криминалец, само одеше по работа“, изјави Марадона за „Ел Диу“ па додаде:

„Негова единствена грешка е што е идол на сите. Тој е мој пријател и ќе го поддржувам до крајот на животот“, јасно кажа легендарниот фудбалер.

Марадона зборуваше и за ситуацијата во светот поради коронавирусот.

„Економијата повеќе нема да биде иста. Политичарите кои ја водат државата ќе мора многу да работат за да излезат од кризата што побрзо. За среќа оние кои ја водат Аргентина одлично си ја вршат работата“, заклучи Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…