Дома Фудбал Марадона опериран поради крварење во стомакот!

Марадона опериран поради крварење во стомакот!

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона закрепнува во болница во операцијата која му била извршена за да се запре внатрешното кварење во пределот на стомакот, потврди неговиот адвокат.

Марадона на почетокот на јануари беше хоспитализиран во Буенос Аирес поради внатрешно крварење, но по рутинскиот преглед неколку часа подоцна ја напушти болницата.

Сепак, во саботата мораше да се оперира за да го запре крварењето, а интервенцијата поминала во најдобар ред.

„Му благодарам на Бог што помина во ред. Сега му следува период на рехабилитација, по што ќе се врати на работата“, изјави неговиот адвокат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим го трга дербито настрана: Од Сисе сакам сè!

Пред дуелот со Болоња, Рубен Аморим порача дека Интер не му е во мислите и откри каква зад…