Дома Трансфер зона Манџукиќ се враќа во Италија и тоа во најголемиот ривал на Јувентус

Манџукиќ се враќа во Италија и тоа во најголемиот ривал на Јувентус

Марио Манџукиќ пред неколку дена спогодбено го раскина договорот со катарскиот клуб и во момемтов е слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот напаѓач има неколку понуди, а медиумите во Италија тврдат дека би можел да се врати во Италија, и тоа во големиот ривал на Јувентус.

Имено, Интер е во потрага по искусен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Лукаку и тренерот Конте смета дека Манџукиќ би бил идеално решение.

Ова би било многу шокантен потег на Марио Манџукиќ за навивачите на Јувентус, затоа што тој играше во нивниот клуб четири години и беше нивни миленик.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и наскоро ќе формулираат понуда, а Манџукиќ е отворен за враќање во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…