Дома Трансфер зона „Манџукиќ не сака да зборува за она што се случи во Јувентус“

„Манџукиќ не сака да зборува за она што се случи во Јувентус“

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ се уште е без клуб.

Манџукиќ се поврзуваше со голем број клубови меѓутоа до сега не успеа да пронајде нов ангажман. Додека чека Хрватот тренира и се одржува во форма.

Сега во медиумите зборуваше агентот на Манџукиќ, Иван Цвјетковиќ.

„Откако замина од Јувентус не дал интервју, не сака да зборува за она што се случи таму. И понатаму добива голем број пораки од навивачи на Јувентус и тоа му годи. Многу е поврзан со навивачите на тој клуб, го паметат како борец кој никогаш не се откажува“, изјави Цвјетковиќ.

Манџукиќ има 34 години и се уште има што да покаже.

„Не знам дали повторно ќе игра во Италија, тој е роден за Премиер лигата, но никогаш не доби вистинска шанса. Сега е 200% спремен“, додаде менаџерот на хрватскиот фудбалер.

За крај тој додаде и дека медиумите го поврзувале со многу клубови со кои во реалноста тој не ни преговарал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хунтелар се врати во Шалке: Дојдов да му помогнам на клубот да избори опстанок

Како и што се најавуваше Клас Јан Хунтелар е нов играч на Шалке. Германскиот бундеслигаш ј…