Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Хари Мегваер, пренесуваат медиумите на Островот.
Прва мета на „црвените ѓаволи“ е капитенот на Милан и италијански репрезентативец, Алесио Ромањоли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромањоли се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А и Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 35 милиони фунти за неговиот потпис.
Сепак, тешко дека Милан ќе се согласи на продажба на својот капитен и веќе спрема нов договор со дефанзивецот.
Како алтернатива се споменуваат Аке од Борнмут и Тирон Мингс од Астон Вила.
Manchester United are looking at Bournemouth’s Nathan Ake, Aston Villa’s Tyrone Mings and AC Milan’s Alessio Romagnoli as options to partner Harry Maguire in central defence. (ESPN) pic.twitter.com/6VdrRPwvVl
— Transfer News Central (@TransferNewsCen) July 9, 2020